21-годишник среде ноќ со голф излетал од пат во Куманово: Повредени тројца малолетници и возачот

 


Денеска околу 00.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на ул.„523“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(26) од с.Герман, општина Ранковце,  излетало од коловозот. 

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и 15-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобиле 14-годишна сопатничка и 16-годишен сопатник, сите од Куманово, констатирани во Општата болница во Куманово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Куманово. 

24.06.2025 - 13:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега