60 припадници на АРМ вклучени во гаснење на пожарот кај касарната Ѓорче Петров

 

Армијата, со ангажман на вкупно 63 припадници, активно учествува во гаснењето на повеќе позиции.

-Приоритет е пожарот кај касарната Ѓорче Петров, каде што се ангажирани 60 припадници. Во село Николиќ се распоредени 60 припадници, во Крива Паланка дејствуваат 30 припадници, а една екипа од АБХО е ангажирана на пожарот во Визбегово, информира Центарот за управување со кризи.

Од Општина Ѓорче Петров претходно соопштија дека на терен се ангажирани екипи на Противпожарната служба, Министерството за внатрешни работи (вклучително и специјалните единици ЕБР и Интервентна полиција), припадници на Армијата, како и претставници на локалното население.

Од ЦУК додаваат дека Ер тракторот на Дирекцијата за заштита и спасување дејствува во Крива Паланка, додека хеликоптерот на Министерството за внатрешни работи е упатен кон селото Орман, општина Ѓорче Петров

09.07.2025 - 18:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега