Аеродром добива нов фитнес-комплекс за калистеника и скок во далечина

 


Денеска ја отпочнавме првата фаза од изградбата на мултифункционалниот фитнес-комплекс KANAK K-030, покрај булеварот „Србија“ во непосредна близина на „Лукоил“ во Општина Аеродром.

Станува збор за систем на справи од светски реномираниот бренд Kenguru PRO, наменети за калистеника и вежбање на отворено, како и организирање на меѓународни натпревари.

Со овие справи, сите граѓани, без оглед на возраст и кондиција, ќе имаат можност да вежбаат, да ја подобрат физичката форма и да го зајакнат своето здравје, на само неколку чекори од својот дом.

Справите се поставени со цврсти алуминиумски стеги од TÜV-сертифициран квалитет, што гарантира безбедност и долг рок на употреба.

Исто така, во рамките на овој спортски комплекс ќе биде изградено и првото залетиште со тартан патека и корито со песок кои ќе служат за скок во далечина.

Продолжуваме со вложувања во спортска инфраструктура, здрав живот и нови содржини за нашите граѓани, а Аеродром продолжува гордо да го носи епитетот најспортска општина во земјава.

01.08.2025 - 10:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега