Апостолска: Ѓорче Петров е жртва на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Стојкоски

 


„Општина Ѓорче Петров е жртва на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот Александар Стојкоски“, изјави денеска Радмила Апостолоска -
Цветковска, од ОО СДСМ Ѓорче Петров, обвинувајќи ја локалната власт за четири години хаос, запуштеност и тотална незаинтересираност.

 

Апостолоска - Цветковска нагласи дека од градоначалникот Александар Стојкоски, во изминатите четири години, биле видени само лажни ветувања и нереализирани проекти, неодговорност и неспособност.

„Ветуваше сè и сешто – инвестиции вредни стотици милиони денари. Од ново основно училиште, библиотека и читална за младите, уредување на коритото на реката Лепенец, функционална индустриска зона, до нови паркови во секое маало, еден милион нови дрва – Ништо од тоа!“, рече таа.

Како конкретни примери за неисполнети ветувања, СДСМ ги посочува:

  • Централниот парк во Ѓорче – наместо најмодерен во Скопје, како што велел Стојкоски, по четири години нема зелени, туку жолти површини, а неодамна и дрво паднало во близина на деца.

  • Наместо паркови во секое маало, општината добила „џунгли од неискосена трева и мини депонии на секое ќоше“.

  • Проектот „Ѓорче Петров – Белите дробови на градот Скопје“ со засадени 1 милион дрва – четири години подоцна, дрва нема, а општината е една од најзагадените во градот.

  • Ветувањето за пробивање на улицата Лука Геров од Даме Груев до Стопански двор, со цел подобра комуникација и полесно движење на жителите од Волково – ништо од тоа, граѓаните со часови се заглавени во сообраќајниот хаос.

  • Борбата против бетонизацијата – едно од главните ветувања на Стојкоски, а четири години подоцна, Стојкоски е „рекордер во издавање на градежни дозволи за изградба на згради“.

 

„Денес после четири години реализацијата на неговите ветувања е еднаква на нула. Нема план, нема резултати. Ѓорче е запустена општина, граѓаните се излажани и оставени сами на себе“, заклучи Апостолоска - Цветковска.

Таа порача дека е време за „нова страница“ и дека Ѓорче Петров повторно треба да добие општинска власт која знае што е јавен интерес, која не бега од одговорност – „општина што ќе работи, а не што ќе глуми работење“.

„Ѓорче заслужува промени, затоа што Ѓорче може и мора подобро“, завршува изјавата на СДСМ.

20.07.2025 - 11:47

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега