Безживотно тело пронајдено во Охридското Езеро кај Струга
Вчера вo 16.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје, било забележано безживотно машко тело.
По преземени мерки и извршен увид, констатирано е дека се работи за К.И.(49) од селото Волино, општина Дебрца кај кого екипа од Итната медицинска помош, констатирала смрт без траги на насилство.
По наредба на Јавен обвинител, телото е предадено на обдукција.
20.07.2025 - 14:16
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа