Боинг старлајнер повторно во Вселената во 2026 година

 

Американската Национална воздухопловно-вселенска администрација – НАСА објави дека вселенското летало на „Боинг старлајнер“ ќе полета повторно во Вселената во 2026 година, но тоа ќе биде товарна мисија во којашто нема да биде вклучен човечки екипаж.

 

 

 

Помина повеќе од една година од неуспешниот лет на „Старлајнер“, кога посадата потоа остана „заглавена“ во Вселената, на МВС. Инаку, вселенското летало во мигов сè уште не е подготвено повторно да лета, но сепак, претставници на НАСА изјавија дека работат на лансирање на мисија планирана за 2026 година.

По години одложувања и два лета без екипаж до Меѓународната вселенска станица – МВС, „Старлајнер“ ги транспортираше астронаутите на НАСА, Буч Вилмор и Суни Вилијамс, во орбитата на 5 јуни 2024 година. По патот, вселенското летало претрпе пет дефекти на потисокот и пет протекувања на хелиум, од коишто едно се случи пред полетувањето. НАСА потоа утврди дека вселенското летало не е доволно безбедно да ги врати астронаутите дома, па „Старлајнер“ слета на Земјата на 6 септември минатата година без космонаутите.

Во март беше објавено дека сертификацијата на системот за екипаж напредува и дека заедничките тимови работат на решавање на аномалиите, како и на следниот лет и пробите претходно.

НАСА се надеваше дека „Старлајнер“ ќе ја спроведе својата прва оперативна мисија до почетокот на оваа година, но агенцијата сè уште работи на модификации на вселенското летало за да избегне други неисправности. Сепак, потврдено е дека „Старлајнер“ нема да биде подготвен до вториот датум на ротација на екипажот на крајот од следната година, најрано.

Наместо да го користи „Старлајнер“, НАСА мораше да ги кристи ракетите „Кру-10“ и „11“ – во јули (на „Спејс-Икс). МВС ќе биде „пензионирана“ до 2030 година, оставајќи малку простор за „Боинг“ да го исполни својот дел од договорот за Програмата за комерцијален екипаж, вреден 4,3 милијарди долари. Агенцијата сепак би можела да најде примена за „Старлајнер“, бидејќи планира да биде вклучена во комерцијални вселенски станици.

Од друга страна, пак, НАСА дефинитивно сака да има два комерцијални субјекти со коишто ќе ги испраќа своите астронаути во Вселената, наместо да се потпира исклучиво на „Спејс-Икс“. 

18.07.2025 - 22:33

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега