Бојковска: Опозицијата може да остане со нула градоначалници

 

Секогаш се водиме според тоа што го мислат граѓаните и како нè оценуваат. Кандидатите за градоначалници кои беа обелоденети убедливо водат во своите места, според тоа што граѓаните го оценуваат.

Ова го истакна пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која вечерва гостува во НАТКАСТ кај Љупчо Цветановски.

-Тоа што навистина нè охрабрува и е дополнителен мотив за уште поуспешна работа е тоа што кандидатите за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, дел од нив и актуелни градоначалници, водат во нивните места 4:1 и 5:1 што ни дава дополнителен патоказ дека ќе имаме убедлива победа, рече таа.

Пратеничката оценува дека минатите локални избори биле шок за СДСМ.

-Граѓаните ја видоа разликата во нивните локални средини. Овие четири години покажавме огромна разлика во владеењето на локалната власт. Единствено мерило за мене лично е што ќе одлучат граѓаните. Многу успешни проекти и над оние ветувања кои ги дадовме во програмата се реализирани, рече Бојковска.

Таа посочи дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ работат за сите граѓани, со низа видливи проекти.

Прашана што очекува од претстојните локални избори, резултатски гледано, партеничката одговара:

„Очекуваме опозицијата да остане со нула градоначалници. Тоа е политички момент кој е добар за нас, но и шанса да докажеме дека довербата која ни ја даваат може да се исплати со многу труд, работа и проекти значајни за граѓаните“.

29.05.2025 - 20:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега