Браво за Душица: Македонија до прва победа во индивидуален спорт на ЕМОФ

 

Младата македонска таеквондистка Душица Бреслиева запиша историски успех на Европскиот младински олимписки фестивал (ЕМОФ), кој оваа година се одржува во Скопје. Таа стана првата македонска претставничка од боречките спортови што изборила победа на ова значајно натпреварување.

Во рамките на таеквондо турнирот, Бреслиева убедливо ја совлада претставничката на Норвешка, Матеа Јакобсен, со резултат 2-0 во рундите, покажувајќи техничка зрелост и борбен дух.

Со оваа победа таа обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето, каде ја очекува дуел со силната украинска натпреварувачка Анастасија Хаиворонска.

24.07.2025 - 18:52

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега