Четири сообраќајки за еден ден – повеќемина тешко повредени

 

Шест лица се повредени од кои 4 потешко во 4 одвоени сообраќани несреќи кои се случиле во последните 24 часа низ земјава.

Во Скопје, на локалниот пат од с. Горно Лисиче кон с. Долно Лисиче, настанала несреќа помеѓу „алфа“ управувано од 28-годишниот А.В. и „фолксваген голф“ управуван од 41-годишниот Д.В. Во несреќата тешко повреден е возачот А.В., кој бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“.

На крстосницата од улиците „Леринска“ и „Козле“ во Скопје се судриле „тојота јарис“ управувана од 21-годишната Е.А. и мотоцикл управуван од 32-годишен скопјанец. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Сериозна несреќа се случила и на локалниот пат Боговиње – Селце Кеч, каде се судриле „фолксваген пасат“ управуван од 19-годишниот А.А. и „опел“ управуван од 42-годишниот С.Ш. Од ударот тешко повредена е 49-годишната сопатничка Х.С., а телесни повреди добиле уште една сопатничка и возачот на „пасатот“.

Во Дебар, пак, ноќеска на крстосницата од улиците „Иса Болетини“ и „Елена Ѓика“ 43-годишниот Н.А., управувајќи мотоцикл „хамачи“, изгубил контрола и паднал на коловозот. Тој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Дебар.

Во сите случаи извршен е увид од увидни екипи на полицијата, а повредените се хоспитализирани.

25.08.2025 - 14:05

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега