Цветаноски: Дали парите од рекет во „Пулс“ завршувале кај ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски

 


СДСМ на прес-конференција побара од ВМРО-ДПМНЕ да одговори дали парите за рекет од дискотеката „Пулс“ завршувале кај владејачката партија и нејзиниот лидер, Христијан Мицкоски.

„Поминаа 24 часа од објавата на скандалот кој ја тресе јавноста, а од ВМРО-ДПМНЕ – молк. Ниту збор, ниту објаснување, ниту демант. Зошто молчите, господине Мицкоски?“, праша Симона Цветаноски, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Опозициската партија вчера сподели информации дека фирмата „Салтировски Консалтинг“, сопственост на сопругата на началникот на СВР Штип е долгогодишен донатор на ВМРО-ДПМНЕ. Истата таа фирма, според нивните сознанија, можеби водела фиктивно сметководство за фирмите поврзани со дискотеката „Пулс“. Постои сериозен сомнеж, велат од СДСМ, дека преку неа биле исплаќани паушали за полициска заштита на локалите кои биле оставени без контрола, меѓу кои и „Пулс“ – каде животот го загубија 62 деца.

 

19.06.2025 - 13:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега