Денеска не излегувајте без чадор, попладне доаѓа силно невреме
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на невреме со град.
Како што соопшти Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максимална ќе достигне од 26 до 35 степени.
05.06.2025 - 08:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа