Дирекцијата за радијациона сигурност одбележува 20 години од формирањето

 

Дирекцијата за радијациона сигурност денеска  одбележува 20 години од формирањето со настан во Клубот на пратеници во Скопје, на кој се најавени обраќања на директорот Зоран Бајовски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и заменик министер за здравство Јовица Андовски.

- Изминатите две децении Дирекцијата ја има клучната улога на контрола, надзор и лиценцирање на сите активности поврзани со јонизирачко зрачење, вклучувајќи медицински, индустриски, образовни и истражувачки апликации, се вели во најавата за настанот.

06.05.2025 - 08:57

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега