ЕУ и Украина постигнаа прелиминарен договор за увоз на земјоделски производи
Европската Унија и Украина постигнале прелиминарен трговски договор за увоз на украински земјоделски производи, соопшти денеска еврокомесарот за трговија Марош Шефчович.
ЕУ ги укина царините и квотите за украинските земјоделски производи во јуни 2022 година, како поддршка за Киев поради воената инвазија на Русија и блокадата на традиционалните извозни рути преку Црното Море.
Мерките беа прекинати на почетокот на овој месец, откако поевтиното украинско жито, месо и шеќер предизвикаа протести во неколку соседни земји, особено во Полска.
Во моментот, ЕУ се придржува кон трговскиот договор со Украина што беше во сила пред војната, кој предвидува царини и квоти што го ограничуваат увозот на земјоделски производи.
Брисел останува најголем трговски партнер на Украина, додека Украина е трет најголем снабдувач на земјоделски прехранбени производи за ЕУ, според податоците на Европската комисија
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа