Филипче: Македонија веќе е опасно место за живеење
Состојбата апсолутно излегува од контрола, напиша претседателот на СДСМ Венко Филипче на Фејсбук, поради серијата пожари кои ја потресуваат државата и главниот град, наведува СДСМ во соопштение кое МИА го пренесува интегрално:
Во изминатите денови, Македонија се соочува со еколошка и безбедносна катастрофа: „За неколку дена изгореа две фабрики, две недели власта не може да ги изгасне депониите Дрисла и Вардариште,“ предупреди Филипче, нагласувајќи дека главниот град дише канцерогени материи, а институциите се потполно нефункционални.
„Скопјани се трујат во канцерогени материи,“ истакна тој, по новиот пожар во фабриката за акумулатори во Трубарево. Филипче потенцира дека не се работи за изолирани инциденти, туку за опасен системски хаос.
„Државата наместо горда, стана држава во хаос. Наместо твоја, Македонија изгоре,“ напиша Филипче, алудирајќи на несоодветниот одговор на власта и институционалната парализа која ја остава јавноста незаштитена и изложена.
На крајот, Филипче алармира: „Македонија веќе е опасно место за живеење.“
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа