Фирма за градежни материјали оштетена за над 268.000 денари, следеле и закани кон газдата

 


Вчера во 10.45 часот во СВР Скопје, 40-годишен маж од скопско пријавил дека бил измамен од едно лице за сума од 268.680 денари.


Според пријавеното, лицето го контактирало телефонски и се претставило како сопственик на градежна фирма од Кочани, кој сакал да има соработка и да порачува градежни материјали од неговата фирма во скопско.

Откако во неколку наврати му бил испорачан материјалот и уредно направена фактура, друго лице, кое се претставило како пријател на лицето од Кочани, му упатило закани по телефон, а подоцна и во неговата фирма во скопско.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

22.07.2025 - 13:41

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа