ФОТО: Искршиле телевизор, стакло насекаде - демолирано училиште во Битола
Непознати сторители оштетиле интерактивна табла во Основното училиште „Тодор Ангелевски“ во Битола, откако фрлиле тврд предмет преку прозорецот од една од училниците. Инцидентот го објави наставникот по германски јазик, Димитар Пипилевски, кој изрази огорченост поради вандализмот.
Интерактивната табла, која според Пипилевски била добиена како награда за училиштето, е сериозно оштетена по инцидентот кој се случил неодамна во просториите на ОУ „Тодор Ангелевски“.
19.05.2025 - 10:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа