ФОТО: Малолетник без возачка дозвола прегази пешак во Кисела Вода
Малолетник без возачка дозвола со мотоцикл удрил во пешак кај Чешма во Кисела Вода, па избегал.
–Денеска околу 19.15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје мотоцикл „беверли“ без регистарски таблици удрил во пешак. По несреќата пешакот со Итна медицинска помош е пренесен во КЦ-„М.Тереза“, а мотоциклистот го напуштил местото на настанот.
По преземени мерки од полициски службеници, пронајден е мотоциклистот и утврдено е дека е малолетник и го управувал мотоциклот без возачка дозвола. Се работи на расчистување на случајот. – стои во соопштението од Министерството за внатрешни работи.
Кратко видео од несреќата е објавено на стори на Инстаграм профилот „Роберто Навали“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа