ФОТО: По 22 години бегство - Уапсен „командант Бреза"
По 22 години бегство, Хамди Бајрамовски, познат во јавноста како командант Бреза од селото Брест, синоќа бил уапсен во Ченто.
МВР информира дека на 02.06.2025 на подрачјето на Гази Баба во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода Х.Б.(43) од Скопје, баран по потерници за издржување казна затвор од пет години за сторено кривично дело „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик и затворска казна од шест години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215, како и за повеќе истраги за повеќе сторени кривични дела со мерка притвор по член 396, член 123 став 1 и став 3, член 396, член 158 и член 237 од Кривичниот законик.
Името на Бајрамовски го привлече вниманието на јавноста и во 2005 година, кога при претрес во негов дом беа пронајдени огромна количина оружје – минофрлачи, гранати за РПГ, униформи, тенковски гранати и над 300.000 куршуми.
Лицето е предадено во Казнено – поправната установа Затвор Скопје за издржување на казните.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа