ФОТО: По 8 дена борба за живот - Почина 33-годишниот Иван кој слета во канал, трагедија во Србија
Иван Рајиќ од селото Мајур, во Шабац, Србија почина на само 33-годишна возраст откако осум дена беше во болница по тешка сообраќајна несреќа.
Тој се здоби со тешки повреди во сообраќајна несреќа која се случи во сабота, на 24. Мај, кога со својот мотор околу 23 часот изгуби контрола и слета во канал.
Младиот мотоциклист згрижен во Ургентниот Центар во Белград, но за жал по осум дена борба, им подлегна на здобиените повреди.
По несреќата голем број луѓе собираа крв за него и се упатуваа апели за помош.
03.06.2025 - 10:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа