(ФОТО) Пожарот во Крива Паланка однесе човечки живот и остави огромни штети зад себе
Тежок ден е зад Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Крива Паланка, која се соочи со голем и брзоширечки пожар во атарот на Крива Паланка. Пожарот, кој избувна на 9 јули околу пладне во село Градец (Долен Градец), брзо се прошири поради силниот ветер и загрози повеќе населени места, вклучувајќи ги село Лозаново и населбите Бегови Бавчи и Мизовски Ливади.
Од ТППЕ Крива Паланка соопштија дека веднаш по пријавата, на терен излегле едно противпожарно возило и тројца пожарникари. Меѓутоа, поради брзото ширење на пожарот, по наредба на командирот Иле Коцевски, за кратко време биле мобилизирани целокупните човечки ресурси и целиот возен парк на единицата. Интервенирано е на најкритичните точки со 7 противпожарни возила и 17 пожарникари.
За жал, пожарот кој ги зафати териториите на селата Градец и Лозаново, однесе и една човечка жртва. Покрај тоа, изгорени се неколку куќи и помошни објекти, пчеларници, овоштарници и голема површина на дабово-борова и багремова шума со ниска вегетација.
Од ТППЕ Крива Паланка изразија длабока благодарност за несебичната помош во гаснењето на пожарот до:
-
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, и Општина Крива Паланка
-
Регионалните служби за пожарна безбедност и заштита на населението од Ќустендил и Софија (Бугарија)
-
Територијалните противпожарни единици од Струмица и Кавадарци
-
Министерството за внатрешни работи Крива Паланка
-
Министерството за одбрана на РМ
-
ЈП Национални Шуми ПШС Осогово Крива Паланка
-
ЈП Комуналец Крива Паланка
-
ОО Црвен Крст Крива Паланка
-
Off-road Osogovo Kriva Palanka
-
Дирекција за заштита и спасување ПО Крива Паланка
-
Рудник Тораница
-
Сепарација Дине Трејд
-
Жути Пласт
-
Месарница Алка
-
Трново -М
-
Локалното население, сите доброволци и општествено одговорни компании кои биле „рамо до рамо“ со нив.
„НИКОГАШ ДА НЕ СЕ ПОВТОРИ“, порачаа од ТППЕ Крива Паланка.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа