ФОТО: Силна бура, дворовите бели од град како да паднал снег - Невреме доаѓа и кон Македонија

 

Голема бура ја зафати Румска, населба во Општината Шабац, во Мачванскиот Округ во Србија. Небото станало темно, а силниот дожд, ветер, град и грмотевици направиле хаос. 

Направени се големи штети и по дворовите на куќите, каде паднал град. 

Инаку, УХМР најави невреме за денеска и во Македонија. Наместа, особено во источните делови, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд (поголема количина за кратко време), силен ветер (над 60 километри на час) и изолирана појава на град. Максималната температура ќе биде во интервал од 20 до 28 степени, соопшти УХМР.

07.05.2025 - 09:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега