Гаши во посета на Италија

 

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, од денеска до 9 мај ќе предводи собраниска делегација во официјална посета на Италијанската Република. Во составот на делегацијата се членовите на пратеничката група на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со Парламентот на Италијанската Република, Благица Ласовска и Димитар Ковачевски, потоа пратеничката Мимоза Муса, член на Комисијата за европски прашања, како и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Согласно програмата, соопшти денеска собраниската прес-служба, предвидени се средби со Лоренцо Фонтана, претседател на Долниот дом на Парламентот на Италијанската Република, со сенаторката Ема Паванели и членовите на билатералната група за соработка со државите од Балканот, со претседателот на Комисијата за надворешна и европска политика, Џулио Тремонти и членовите, како и со претседателот на Комисијата за ЕУ политики, Алесандро Џиљо Виња, и членовите.

Во рамките на програмата, генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска, како што е најавено, ќе оствари одделна средба со д-р Фабрицио Касталди, генерален секретар на Домот на пратеници на Парламентот на Италијанската Република.

Меѓу другите активности, во просториите на Амбасадата на РС Македонија во Рим, за претседателот на Собранието и делегацијата е организирана средба со претставници на дијаспората во Италијанската Република. 

07.05.2025 - 10:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега