Герасимовски: Центар со финансиска помош за Кочани, кога е најтешко да си подадеме рака
Општина Центар ќе помогне со финансиски средства на Општина Кочани. Ова вчера беше договорено во Кочани на средбата помеѓу градоначалникот на Центар Горан Герасимовски и В.Д градоначалникот на Кочани Венко Крстевски.
„На вчерашната средба договоривме да му помогнеме на Кочани со финансиски средства што ќе искористат онаму кадешто е најпотребно. Кога е најтешко мора да си подадеме рака, да бидеме обединети и заеднички да се грижиме за граѓаните. Во овие тешки моменти мораме да им покажеме на кочанчани дека не се сами. Нѐ имаат нас - граѓаните и институциите. Оваа помош не завршува тука, градоначалникот Крстевски ја има поддршката од мене, од општината, од центарци“, рече Герасимовски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа