Глушецот кој се навлекол на марихуана е хит на интернет - снимено што му се случува додека е на одвикнување
Колин Саливен од Канада фотографирал мал глушец како онесвестен лежи внатре во неговата легална плантажа за марихуана во Њу Брансвик. Имено, тој на малиот глодар му дозволил да се храни со неговите билки, кои обилно ги користел.
Глушецот од Канада станал славен на социјалните мрежи, а се благодарение на храната која му се нашла на менито и тоа што следело по прејадувањето. Имено, "Мики" од една фарма за марихуана изел одредена количина на производи, по што едноставно се онесвестил.
Колин Саливен од Канада го фотографирал малиот глушец како онесвестен лежи внатре во неговата легална плантажа за марихуана во Њу Брансвик. Имено, тој на малиот глодар му дозволил да се храни со неговите билки, кои обилно ги користел.
На крајот, Саливен на Фејсбук објавил неколку постови на кои се гледа како глушецот, жаргонски кажано, "стонира" по консумацијата. Неговите објави наишле на голем број на лајкови, па зашеметениот глодар станал глобален хит.
Сепак, со оглед дека претерал во уживањето, Саливен решил малку да го критикува својот крзнен пријател, па во друга објава навел дека тој минува низ 12 точки на одвикнување.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа