Гори туристичи брод во Хрватска, има повредени лица

 

Вистинска драма се одвивала утрово во хрватскиот крајбрежен град Макарска, откако околу 8:20 часот избувнал пожар на туристички брод, објавија локалните медиуми.

Според првичните информации, пожарот започнал во кујната на пловилото, а набргу по појавата на огнот, две лица побарале медицинска помош поради повреди. Засега не е познат степенот на нивните повреди, ниту нивната здравствена состојба.

Со брза интервенција на противпожарните екипи, огнот бил локализиран и спречено е негово натамошно ширење. Во тек е увид за утврдување на причините за избувнувањето на пожарот и сите околности поврзани со инцидентот.

Сè уште нема информации колку лица се наоѓале на бродот во моментот на пожарот, ниту дали има дополнителни повредени. Властите најавуваат повеќе детали по завршување на истрагата.

22.07.2025 - 20:40

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа