Хорор во Карпош: Избоден малолетник

 

Во скопската населба Карпош се случил сериозен инцидент во кој биле вклучени малолетници.

Според првичните информации, физичка пресметка меѓу неколку млади лица ескалирала по вербална расправија, при што едно момче било прободено со остар предмет и со сериозни повреди било пренесено во болница.

„Од ГОБ “8 Септември” е пријавено дека кај нив е донесен повреден малолетник- ученик во СДУ “Ѓорги Димитров”, кој, според пријавеното, се здобил со убодна рана од остар предмет во угостителски објект на територија на Карпош, каде дошло до пресметка помеѓу две групи на ученици“, соопштија од МВР.

02.06.2025 - 22:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега