Избувнаа 33 пожари - проверете каде се уште гори

 


Утрово до 08:00 часот, во земјава се евидентирани вкупно 33 пожари на отворен простор. Од нив, 7 се сè уште активни, 7 се ставени под контрола, додека 19 се целосно изгаснати.

Активни жаришта (7):

  • Општина Василево, Радовиш и Берово: Пожар во с. Нивичино, планината Голем Готен и Малешевските Планини, каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација.

  • Општина Прилеп: Во с. Бешиште, на место викано Бешишки Рид, активен е пожар со мешана шума, со крак кон с. Градешница.

  • Општина Македонски Брод: Во с. Црешнево, гори ниска вегетација.

  • Општина Штип: Пожар меѓу с. Драгоево и с. Селце, каде гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева.

  • Општина Кочани: Во с. Нивичани, активен е пожар во ниска шума и трева.

  • Општина Карбинци: Во с. Јунузлија, гори шума.

  • Општина Зелениково: Во с. Гумалево, активен е пожар на ниска вегетација.

Пожари под контрола (7): Седум пожари се ставени под контрола и се очекува нивно целосно изгаснување. Тие се лоцирани меѓу селата Царевиќ и Смолани (Прилеп), во с. Латово (Македонски Брод), помеѓу с. Локвица и с. Крапа (Македонски Брод), во с. Грешница (Македонски Брод), во с. Латово (Македонски Брод), во с. Долно Перово (Ресен) и меѓу с. Церово и с. Групчин (Желино).

Изгаснати пожари (19): Во изминатото деноноќие, противпожарните екипи успеале да изгаснат 19 пожари во различни општини, вклучувајќи ги Чучер Сандево, Шуто Оризари, Гази Баба, Студеничани, Аеродром, Зелениково, Куманово, Прилеп, Македонски Брод, Гостивар, Сопиште и Радовиш. Повеќето од нив биле пожари на ниска вегетација, ѓубре и депонии.

25.07.2025 - 09:58

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега