Ја удрил со автомобил и ја оставил на пат: Тешко повредена малолетничка кај Батинци - полицијата го бара возачот
Тринаесетгодишно девојче од скопското село Црн Врв било тешко повредено во сообраќајна несреќа што се случила на 19 мај, околу 9 часот на сервисната улица што го поврзува регионалниот пат Скопје – ХЕЦ Козјак со селото Батинци. Како што соопштија од МВР, возач на патничко возило удрил во малолетничката и без да ѝ помогне – го напуштил местото на несреќата.
Повреденото девојче било префрлено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.
„Извршен е увид од страна на екипа од СВР Скопје, и се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот кој по несреќата избегал“, наведуваат од полицијата.
Случајот е пријавен вчера во СВР Скопје, а истрагата е во тек.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа