ЈП „Дрисла“ демантира дека на депонијата повторно имало пожар
ЈП Дрисла најостро ја осудува и демантира лажната вест “Ноќеска гореше и Дрисла” која вчера беше лиферувана од политички центри на моќ за дефокус од нивните скандали, кога всушност никаков пожар вчера немаше.
ЈП Дрисла каде имаше обид за потпалување голем пожар пред 2 дена, со сопствени ресурси и со огромен труд од страна на Противпожарната бригада Скопје се справи со пожарот.
„Од тогаш состојбата е стабилна, а вчера низ јавноста беше лиферувана вест дека повторно горело во Дрисла, што е обид за дефокус од скандалот во Трубарево кој можеше да биде повторување на трагедијата во Кочани поради неспособноста и системските недостатоци на одредени институции“, стои во демантот од ЈП Дрисла.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа