Кавадарци: Си седел во дворот, дома му влетале со автомобил - завршил во болница
Кавадарчанец пријавил во полиција дека бил удрен од возило во неговиот двор.
-Рано утрово во 00:30 часот во ОВР - Кавадарци, Д.Н., 53-годишен кавадарчанец, пријавил дека синоќа околу 22:30 часот во дворот од неговиот дом, бил удрен од патничко возило, што го управувал Д.С., при што се здобил со повреди, појаснија од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Оттаму потенцираа дека се преземаат мерки за расчистување на настанот.
24.08.2025 - 13:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа