Кој е Африм Фидани, новиот претседател на Врховниот суд?
Врховниот судија Африм Фидани вчера од страна на Судскиот совет беше избран за нов претседател на Врховниот суд, со осум гласови ЗА.
Тој е врховен судија од 2017, има завршено право на Универзитетот во Приштина, Косово, во 1989 година, а во периодот од 1990 до 1996 година работел во просвета на правно административни задачи.
Од 1996 до 2005 година работел во Државниот инспекторат за труд, како републички инспектор за труд во областа на работни односи.
Од 2005 до 2007 година бил секретар на Општина Врапчиште.
Од 2007 до 2011 година работел како адвокат во Гостивар.
Во јули 2011 година бил избран за судија во Апелациониот суд Скопје, во кривичниот оддел.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа