Кос: Идентитетот ви е полнети пиперки, тавче-гравче и пинџур

 

Идентитетот ви е вашето тавче - гравче, полнетите пиперки и пинџурот и тоа никој не може да ви го одземе, рече денеска на заедничката прес конференција со премиерот Мицкоски, Комесарката на ЕУ за проширување, Марта Кос, одговарајќи на прашање поврзано со заканите по македонскиот идентитет кои доаѓаат од бугарска страна

„Идентитетот не може, според мене, никогаш не може да стане предмет на политичко одлучување. Идентитетот е нешто што си го носиме во душите и во нашите срца. Идентитетот е како се чувствуваме, како ја чувствуваме нашата татковина. Идентитетот е она како се грижиме за нашата традиција. На пример, манастирите во Северна Македонија, на пример погачата, тавче-гравчето, пинџурот или полнетите пиперки. Како на пример ги одржуваме традиционалните носии. Какви односи градиме со постарите во земјата Каков однос имаме кон зачувување на нашиот јазик и никој не може ова да ви го одземе на вас Македонците.“ - рече Кос.

Премиерот Мицкоски не се согласи со неа. Рече дека идентитот не е само прекрасната македонска храна туку тој е и Гоце Делчев додавајќи дека Македонија во изминатите децении изгуби многу од својот идентитет потсетувајќи дека  менувавме и знаме и име. 

 

01.07.2025 - 12:35

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега