Кристина Еплгејт згрижена вo болница

 

Кристина Еплгејт е хоспитализирана поради инфекција на двата бубрега, поради што била згрижена со „многу болка“, или како што таа вели – „врескала“ од болки.

Познатата глумица од ТВ-серијата „Оженет и со деца“, вчера проговори за тоа на емисијата „MeSsy“ (‘Неуредно’) што ја води заедно со Џејми-Лин Сиглер, и тоа од болницата во Лос Анџелес. Имено, додека била на патување во Европа, во посета на луѓе од семејството, Еплгејт почнала да се чувствува лошо. Така, на летот назад, таа одлучила да оди директно в болница.

-Многу ме болеше. Врескав и ми направија итна компјутерска томографија во 2 часот наутро. Скенирањето покажа дека имам инфекција на бубрегот – којашто се проширила и на левиот бубрег…. Поради оваа инфекција на бубрезите, веднаш морам да примам интравенски антибиотици. И еве сме!, изјави Еплгејт.

Глумицата, инаку, веќе неколку години се бори и со мултиплекс-склерозата. Според лекарите, нејзината најнова состојба веројатно е последица од инфекција на уринарниот тракт.  

06.08.2025 - 19:32

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега