Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

 


Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

„Додека граѓаните секој ден се борат со растечки цени, инфлација и намалена куповна моќ, за Владата на Мицкоски приоритет не е животниот стандард на народот, туку личниот ќар на функционерите. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во месец мај е покачена и изнесува 3,3%. Месечната инфлација е покачена за 1,5%, највисока во текот на 2025 година. Тоа значи едно – животот станува сѐ поскап, а граѓаните живеат сѐ потешко. Економските политики на Мицкоски се тотален дебакл“, рече таа.

И наместо да преземе мерки да го заштити стандардот на граѓаните, да ги покачи платите на работниците, да ја покачи минималната плата, рече Кузеска, власта ги покачува платите на функционерите.

„Нема пари за плати на работниците ама има пари за поголеми плати на функцонерите од власта и тоа за 200 евра. Мицкоски јавно ветуваше дека функционерските плати нема да се зголемат. Денес гледаме дека тое е уште едно едно од многуте негови лажни ветувања“, рече Кузеска.

Таа истакна дека СДСМ јавно и одговорно бара итна интервенција од Владата: конкретни мерки за заштита на куповната моќ на граѓаните и да нема покачување на платите на функционерите.

10.06.2025 - 13:27

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега