Македонската полиција уапси малолетник
На 07.05.2025 во 01.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 - годишник од селото Блаце, скопско, затоа што пред угостителски објект во Куманово одзел мотоцикл „јамаха“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Г.Д.(52) од Куманово.
Мотоциклот бил пронајден и вратен на сопственикот, а малолетникот бил приведен во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава.
07.05.2025 - 11:03
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа