Манасиевски: СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје

 

„СДС ги очекува невиден дебакл во Скопје. Изборите ќе ги изгубат во октомври, како што 1 + 1 = 2. Дното за СДС не е допрено, допрва ќе го допрат во октомври“, изјави денеска Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на претстојните локални избори.

 

Манасиевски тврди дека СДСМ и Венко Филипче не успеале да мотивираат ниту еден човек со силен минат труд, па морале да прибегнат кон кандидирање на Каја Шукова, која ја опишува како „од шинелот на Заев“.

„Шукова која беше државен секретар и министер за животна средина и не направи ништо позитивно, не остави ниту еден белег за државата, туку му слугуваше на Заев и неговите бизнис интереси, не може да биде ништо друго освен кандидат за пораз“, нагласи Манасиевски.

 

Според ВМРО-ДПМНЕ, јасно ѝ е и на самата Шукова дека ќе изгуби во октомври, а ќе треба да го преземе епитетот од Димитар Ковачевски за најслаб резултат на СДСМ во историјата.

Манасиевски додаде дека ниту на Шукова, ниту во СДСМ не им е јасно што да прават и што да зборуваат до избори, дека немаат ниту план, програма не се ни мачат да прават, туку ќе спојат 3-4 од минатите изборни циклуси и едноставно чекаат само да поминат изборите.

„Скопје ниту има потреба од егзибиции, ниту ќе ги допушти истите“, порача Манасиевски.

На крајот, тој изрази уверување дека во Скопје уште во прв круг победата ќе ја однесе Орце Ѓорѓиевски и ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

20.07.2025 - 12:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега