Меџити: Современиот водовод ќе го подобри животот на тетовчани
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити заедно со градоначалникот на Тетово Биљал Касами присуствува на отпочнување на реконструкцијата и проширувањето на примарната водоводна мрежа во населбата Вонвардарска во должина од 2600 метри.
Оваа инвестиција од над 15 милиони денари е дел од проектите финансирани преку потпрограмата АА - Инфраструктурни проекти во општините за 2024 година од страна на Владата на Република Северна Македонија и целосно обезбедени како грант средства од Владата.
„Како што знаете, пред некое време го отворивме новиот булевард во Тетово, а сега започнуваме со изградба на современ систем за водоснабдување што дефинитивно ќе влијае на подобрување на квалитетот на живот на тетовчани“, изјави Меџити истакнувајќи дека дека во општина Тетово, во соработка со градоначлникот Касами веќе многу проекти се реализираат и се во различни фази на имплементација, а уште уште многу други се планирани.
„Со заедничка работата и посветеност, промената се забележува во секој дел од Тетово“ додаде првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.
Градоначалникот на Тетово Биљал Касами му се заблагодари на првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити за поддршката, истакнувајќи дека за прв пат Владата инвестира во оваа населба.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа