Метеж на улиците во Скопје - Денеска посебен режим на сообраќај
СВР Скопје ги известува граѓаните дека денеска поради официјална посета на претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, во Република Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
07.05.2025 - 08:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа