Минчев: Регионалната соработка е двигател на европските реформи

 

Министерот за јавна администрација на Република Македонија, Горан Минчев, во официјална посета на седиштето на Регионалното училиште за јавна администрација – ReSPA во Подгорица, каде што оствари билатерален состанок со директорката Маја Ханџиска Трендафилова.
 
Во фокусот на разговорите беа стратешките приоритети на ReSPA и интензивната соработка што Министерството за јавна администрација на Македонија ја има со оваа регионална институција. Преку ReSPA досега се реализирани над 100 обуки и тренинзи, во кои активно учествувале македонски административни службеници, со цел унапредување на знаењата, вештините и управувачките практики.
 
„ReSPA е повеќе од образовна институција – таа ги обединува земјите од Западен Балкан и создава заедничка професионална заедница во јавната администрација. Таа е платформа за размена на искуства, за градење заеднички визии и за поттикнување на европски вредности – отчетност, ефикасност и транспарентност.“ - изјави министерот Минчев.

18.06.2025 - 20:31

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега