Митева: Обезбедени се 2,5 милиони денари за итна заштита на споменикот „Македониум“

 


Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до крајот на годинава, а НУ „Завод и музеј Прилеп“ работи на проект за целосна реконструкција и конзервација на целиот комплекс, информира денеска на прес-конференција портпаролката на Владата Марија Митева. 

Митева најави дека проектот ќе биде финализран до средината на седната година, по што Министерството за туризам и култура ќе ја утврди динамиката и планот за финансирање и целосната реконструкција. 

Сегашната состојба на овој споменик, наведе портпаролката, не е резултат на негрижа од актуелната Влада, туку на долгогодишно одлагање и непостапување во изминатите години. 

- Реконструкцијата на споменикот Македониумот почна пред повеќе години и требаше да заврши во 2017 година. Со симнувањето на скелето во таа година процесот беше насилно прекинат  оставен без потребна заштита. Од тогаш до денс цели седум години не било преземено ништо за негово завршување и заштита што остави длабоки последици на овој значаен култирен споменик, рече Митева. 

Истакна дека нема да бараат оправдувања и оти имаат обврска да го исправат тоа со преземање конкретни и одговорни чекори поради културната и националната важност на „Македониумот“.

10.09.2025 - 12:59

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега