Moќен дар од природата: Никој не ги знае сите придобивки од тегавецот
Тегавецот векови наназад е употребуван во медицински цели. Се смета дека е растение кое лекува се од гриз на куче, чир до епилепсија и хемороиди.
Студии го докажале ефектот на ова растение – антивирусно, антимикробно, антитоксично и диуретично.
Помага за смирување на кашлица и воспаление на слузокожата од горниот респираторен тракт како и за редица кожни воспаленија. Исто така се смета дека тегавецот е доста ефикасен при лечење на хроничен бронхит.
Има медицински докази и за ползите на растението при алтернативно лечење на астма, емфизем, проблеми со мочниот меур, шеќер, цистит, хемороиди, синузит и грип.
Растението може да се консумира свежо како салата или пак на пареа. Го има насекаде, почнувајќи од пролетта па до доцна есен.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа