Мортус пијан се качил на мопед - полицијата го улови со 2,36 промили алкохол во крвта

 


Вчера во 17:15 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Д.К.(53) од Охрид.

При контрола во патниот сообраќај, извршен на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициските службеници сопреле мопед со охридски регистарски ознаки, и по извршено алкотестирање е констатирано дека го управува под дејство на алкохол, односно му беа измерени 2,36 промили алкохол во крвта.

Тој е исклучен од сообраќај и против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување моторно возило“.

11.09.2025 - 13:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега