„Најпосакуваниот кандидат“ од СДСМ, за градоначалник на Скопје, стана дел од тимот на Орце Ѓорѓиевски

 


Истакнатиот архитект и професор Мишко Ралев, кој се спомнуваше како можен кандидат за градоначалник на Скопје од редовите на СДСМ, од денес е дел од тимот на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски.

 

Ѓорѓиевски на социјалните медиуми објави фотографија од средбата со професорот Ралев и истакна дека ова е голема чест за неговиот тим.

„Со своето богато искуство, визија и интегритет, тој претставува силна поддршка и уште поголема мотивација за нас... Заедно ќе работиме Скопје повторно да го направиме достоинствен град — град на идеи, вредности и иднина!“, напиша Ѓорѓиевски.

Мишко Ралев е декан на Факултетот за архитектура и дизајн при Универзитетот Американ Колеџ Скопје и поранешен претседател на Асоцијацијата на архитекти на Македонија. Тој беше член на Извршниот одбор на СДСМ за време на лидерството на Димитар Ковачевски.

Кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје е Каја Шукова, потпретседателка на партијата и поранешна министерка за животна средина.

01.08.2025 - 12:17

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега