Нема ниту позитиви, ниту сомнителни случаи на мајмунски сипаници

 

Нема ниту позитивни, ниту сомнителни случаи на Мајмунски сипаници. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје спровеле епидемиолошка анкета на сите кои биле посочени како контактни од двајцата пациенти со мајмунски сипаници. 

-Институтот за јавно здравје, конкретно епидемиолози од ИЈЗ, исконтактираа со контактите на позитивните лица со Mpox кои тие ги посочија и истите немаат никакви симптоми на заболување. Позитивните лица се во добра состојба.Нема нови сомнителни случаи кои што се испратени за тестирање, нема нови  позитивни случаи, велат од ИЈЗ.

Вчера на веб страницата на ИЈЗ беа објавени препораки, а дополнително, ИЈЗ изработи и краток водич за здравствени работници со препораки и патеки на движење за сомнителни лица.

Институтот за јавно здравје денес отвара 2 нови телефонски линии за информирање за Mpox:

1. За консултации на граѓани

2. За консултација на здравствени работници

Институтот за јавно здравје, Министерство за здравство, заедно со останатите надлежни институции се во постојана комуникација и координација и остануваат посветени во следење на актуелната состојба како и справување со истата. Засега ризикот за ширење на оваа болест во нашата држава останува низок.

24.05.2025 - 14:16

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега