Николоски со шпанскиот амбасадор: Авиолиниите Скопје - Мадрид и Скопје- Барселона се одлична можност за подoбрување на соработката

 

Билатералните односи меѓу Македонија и Шпанија дополнително ги зајакнуваме преку отворање на авиолинијата Скопје-Мадрид и претходно воспоставената линија Скопје-Барселона, истакнале на денешната средба вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз, соопшти Министерството за транспорт. 
 
Двете авиолинии, информирал вицепремиерот, се дел од владината програма за развој на ависообраќајот преку кои се отвораат нови перспективи меѓу двете земји и за двата народи.

На средбата, исто така биле разменети и мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот, притоа вицепремиерот Николоски истакнал дека Македонија е влезена во инвестициски циклус во развој на патната и железничка мрежа со посебен акцент на коридорите кои треба да го придвижат регионалниот економски развој.   
 
На средбата биле потенцирани и можностите за инвестирање во земјава, преку реализација на инвестиции во сектори од заеднички интерес.

05.08.2025 - 13:49

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега