Николоски во Париз: Започнати се економски и политички средби за унапредување на односите со Франција

Вицеремиерот и миниситер за транспорт Александар Николоски од утрово ги започна средбите со претставници на Владата на Француската Република на кои се разговара за подобрување на севкупните политички и економски односи.
Во продолжение интегралана изјава на вицепремиерот Николоски:
“Од денеска сум во дводневна посета на Француската Република, тука во главниот град Париз каде ќе се случат бројни средби на кои што ќе разговараме за зголемување на политичката и економска соработка меѓу Македонија и Франција.
Подобрувањето на односите со Франција се клучни и затоа оваа средба ја сметам за многу значајна. Утрово веќе остваривме средба со првиот човек за Европа во рамките на француската влада каде разговараме за подобрување на билатералните односи и во политичкиот и во економскиот дел, а во текот на попладнето ќе имаме средби со директорката на трезорот на Француската Република како и со директорот на Агенцијата за поддршка на Република Франција. Тука секако е и Министерството за еконсмија и финансии и средбата со 11 -те најголеми француски компании кои што ќе ги поканиме да инвестираат во Македонија, со цел во Македонија да се отвораат нови и добро платени работни места. Сметаме дека Македонија може да е атрактивна дестинацаија за француските компании и инвеститори.
Исто така ќе разговараме за инфраструктурата и развојот што го планираме и во автопатскиот дел и делот на аеродромите и во делот на железницата. Двата македонски аеродрими се оперирани од француска компанија и сме многу задоволни како се одвива соработката особено со нови летови. Би сакал да ја потсетам македонската јавност дека 11 нови летови има во Македонија со доаѓањето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ.
Во текот на утрешниот ден ќе имам средба со министерот за транспорт, со колегата од Француската Република, Филип Табаро, на која ќе разговараме за целокупната соработка меѓу двете држави. Тука е средбата со УНЕСКО каде ќе разговараме за заштитата на Охрид и Охридското езеро и средбата со пратениците во Француското Национално Собрание каде ќе зборуваме за подобрување на политичките односи.
Сметам дека оваа државна посета ќе ги донесе на едно повисоко ниво односите меѓу Македонија и Франција што е од корист за двете држани, што значат многу за нас како земја членка во НАТО и партнер на Франција во НАТО и секако нашите амбиции за членство во ЕУ и најважното а тоа е подршка на македонскиот национален идентитет, засебноста на македонскиот народ и македонскиот јазик"- истакна вицепремиерот Николоски.
24.06.2025 - 14:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа