Пронајдени 15 неексплодирани бомби во североисточниот дел од Македонија

 

Од почетокот на 2014 година, во североисточниот дел од земјава биле пронајдени петнаесет парчиња неексплодирани убојни средства и мини.

Најголем број од парчињата - 7 се пронајдени на територијата на општина Куманово, најчесто во селата. По три парчиња пронајдени се на подрачјата на општините Липково и Кратово, додека на подрачјето на Старо Нагоричане,годинава се пронајдени два парчиња.

- Најчесто,жителите наоѓаат неексплодирани рачни гранати и бомби кои се скриени во старите згради на подрачјето на руралните места.Во Липково,последнава година пронајдени се парчиња од воениот конфликт од 2001,претежно неескплодирани гранати и рачни бомби, додека во останатите општини кои ги покрива подрачното одделение на Дирекцијата, се наоѓаат парчиња од втората светска војна. Во Крива Паланка пак најчесто се наоѓаат парчиња од првата светска војна, вели за МИА Гоце Илиќ, пиротехничар од подрачно одделение на Дирекцијата за заштита и спасување.

Граѓаните кои ги пронаоѓаат овие за нив непознати парчиња, вели Илиќ, веднаш треба да јават на бесплатните телефонски броеви 192 или 195 и не треба да приоѓаат кон местото. Веднаш се излегува на местото и се утврдува за каква направа станува збор,о бјаснува тој.

Пронајдените парчиња претходните години се уништуваа кај Зебрњак, а последниве години на полигонот во Криволак. 

15.07.2014 - 12:08
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега