Трагедија го потресе Велес: Двајца браќа заминаа во смрт
Двајца браќа на возраст од 22 и 23 година се усмртени синоќа околу 1 часот по полноќ од товарен воз кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце.
Несреќата се случила на железничкиот мост на реката Тополка во Велес, кога возот удрил во две лица кои се движеле по пругата, при што на лице место истите починале.
Двајцата браќа се сириски државјани.
Увид на лице место изврши Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Велес.
14.11.2014 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа