„Стоп за петардите“ - Општина Ѓорче Петров започна кампања против иротехнички средства пред новогодишните празници
Под мотото „Стоп за петардите“ Општина Ѓорче Петров почна кампања против употреба на пиротехнички средства пред новогодишните празници.
Во училиштата ќе бидат поделени флаери за превенција, безбедност, но и казнени одредби во случај на употреба на пиротехнички средства.
- Кампањата се реализира поради зачестената употреба на пиротехнички средства пред и за време новогодишните празници од страна на граѓаните, а посебно од учениците. Општината ќе дистрибуира флаери за превенција во основните училишта, а ќе се организираат и часови за едукација на кои ќе се зборува за начините на превенција и зголемување на безбедноста на граѓаните. Учениците ќе бидат запознаени и со законските прописи со цел да се намали нарушување на јавниот ред и мир, соошти општинската прес-служба.
Учениците од основните училиштата во соработка со Црвениот крст ќе изведат и заедничка симулација на повреда од петарди.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа