Во Скопје 10 сообраќајки за едно деноноќие- четири лица повредени

 

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 10 сообраќајни незгоди.

Од нив, шест се последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден сопатник, еден пешак и еден патник во автобус.

Според евиденцијата на сообраќајната полиција, се случиле уште две незгоди со мала материјална штета во коишто е пополнет Европскиот извештај за случена сообраќајна незгода.

Во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 24 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, девет возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и тие се исклучени од сообраќај, 14 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото и пет пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.

 

 

Оцени ја веста

19.12.2014 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега